сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 5
home Регион

ПУКАЊЕ КАЈ ДЕЧАНИ: Убиени 3 лица во автобус (ВИДЕО)

ПУКАЊЕ КАЈ ДЕЧАНИ: Убиени 3 лица во автобус (ВИДЕО)

Три лица загинаа, а најмалку две се повредени во пукање во автобус со ученици во селото Глоѓане кај Дечани, јавуваат медиумите во Приштина.

Според сознанијата на електронското издание Koha, на самото место загинале возачот на автобусот, како и две помлади лица.

Од болницата во Пеќ потврдиле за телевизијата Klan Kosova дека загинале двајца студенти и возачот на автобусот. Од болницата, исто така, рекле дека бројот на ранетите не е познат, но според неофицијалните сознанија на телевизијата две лица се во критична состојба.

Од косовската полиција е потврдено дека неколку маскирани лица го нападнале автобусот, дека е убиен возачот, но според нив неколку ученици биле ранети.

Автобусот сообраќал од Дечани до Глоѓани, а пукањето се случило вечерва околу 19 часот.

Коронавирус