среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Регион

Првиот словенечки сателит во Вселената ќе биде лансиран на 23 март

Првиот словенечки сателит во Вселената ќе биде лансиран на 23 март

Првиот словенечки сателит наречен “Трисат” на 23 март ќе биде лансиран од космодромот во француска Гвајана. Тој ќе биде само еден од повеќе сателити кој во вселената ќе бидат лансирани со ракета “Вега”.

Сателитот беше развиван неколку години, а во неговата изработка учествуваа студенти до Мариборскиот универзитет и стручњаци од приватната словенечка компанија “Скајлабс”, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Лансирањето неколку пати беше одложувано поради технички проблеми, а последните проверки кои се направени во специјални центри во Чешка, покажуваат дека “Трисат” е подготвен за својата мисија.

Сателитот тежи пет килограми и ќе орбитира околу земјата на висина од 530 километри. Во функција ќе биде околу шест години, а таму ќе биде со цел да се тестира работата на нано сателити во кои се вградени соларни панели. Ако тестирањето помине успешно тогаш овие панели кои се развиени во Словенија ќе се продаваат во целиот свет.