среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 140
home Регион

Први фотографии од Крит: Земјотресите предизвикале голема штета, цигли по улиците, оштетени цркви (ФОТО+ВИДЕО)

Први фотографии од Крит: Земјотресите предизвикале голема штета, цигли по улиците, оштетени цркви (ФОТО+ВИДЕО)

Неколку згради се оштетени во земјотресите што утрово го потресоа Крит. Првиот земјотрес, со јачина од 5,8 степени, бил регистриран во 9,17 часот по локално време, а потоа следувале два послаби земјотреси со јачина од 3,8 и 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресите се случиле со разлика од околу десет минути, а според локалните медиуми, поголема материјална штета е предизвикана на зградите. Според првите информации, три лица биле заробени во разурнати куќи. Спасувачките тимови се обидуваат да повлечат две лица во Аркалаохори и едно лице во Пацидерос.

Според првите информации, некои згради и куќи се сериозно оштетени, а материјална штета е забележана и на црквите.

На социјалните мрежи кружат фотографии од Аркалохори, на кои се гледаат цигли и урнатини по улиците.

Луѓето во паника ги напуштиле своите домови и на многумина не им е дозволено да се вратат внатре.

Локални избори 2021