сабота, 6. март 2021. Вести денес: 59
home Регион

Првата група мигранти во БиХ сместена во воени шатори во кампот Липа

Првата група мигранти во БиХ сместена во воени шатори во кампот Липа

Повеќе од 200 мигранти и бегалци, кои немаа засолниште на локалитетот Липа кај Бихаќ, сместени се во шатори на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

Службата за странци потврди дека забрзано работи да се утврди вкупниот број луѓе што се наоѓаат во она што останало од прифатниот камп.

Најавено е дека прашањето за снабдување со електрична енергија и вода за пиење ќе биде решено денеска или најдоцна утре, додека волонтерите на Црвениот крст од градот Бихаќ и Унско-Санскиот кантот работат од утрово да постават голем шатор каде ќе се дистрибуира храна.

Како што пренесуваат локалните медиуми, сместувањето на мигранти и бегалци во подготвените шатори на вооружените сили на Босна и Херцеговина ќе ги создаде сите предуслови за почеток на градежните работи во Прифатниот камп „Липа“, што ќе зависи и од временските услови. (МИА)

Коронавирус