понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 136
home Регион

Прва жртва од поплавата во Грција: Овчар пронајден мртов во Евија

Прва жртва од поплавата во Грција: Овчар пронајден мртов во Евија

Овчар (69) од Евија, кој се води како исчезнат од вчера, е пронајден мртов на островот по обилните дождови.

Непосредно пред неговото исчезнување, тој се јавил во Противпожарната служба за да побара помош, бидејќи бил заробен во таа област. Тој бил пронајден мртов далеку од неговиот автомобил, кој го однесе вода за време на невремето.

Според првите информации, овчарот, кој е прва жртва од бурата Балос, бил лоциран со помош на хеликоптер на противпожарната бригада, пренесува Прототема.

Неговиот автомобил, кој бил лоциран во петокот наутро, бил искршен на делови, што покажува колку била силна водата.

Да потсетиме, Грција ја погоди силно невреме, а слично време се очекува и денеска.

Коронавирус