вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 2
home Регион

Прва жртва на пожарите во Косово

Прва жртва на пожарите во Косово

Едно лице загина во пожар во Ново село, на околу 50 километри од Приштина, како последица од густиот чад, соопшти косовската полиција.

Станува збор за маж, кој најверојатно влегол во штала која била зафатена од пожарот и се задушил.

Жртвата била пренесена в болница без знаци на живот.

Портпаролот на Агенцијата за управување со вонредни ситуации, Нехат Кочинај изјави вчера за Радио Слободна Европа дека во Косово се активни уште четири пожари од вкупно 50, колку што биле кон крајот на минатата недела.

Пожарите се активни во регионот на Сува Река, Призрен, Националниот парк Проклетије и Јањево, општина Липљан.

Коронавирус