недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Регион

Протест на косовските Срби, километарска колона на излезот од северна Митровица

Протест на косовските Срби, километарска колона на излезот од северна Митровица

Голем број граѓани од српска националност од северна Митровица, како и од други делови на Косово, се упатија на протест кој се организира поради воведувањето такса од 100 отсто на увозите од Србија, но и поради денешните апсења во северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

На излезот од северна Митровица формирана е колона долга неколку километри од граѓани кои се упатија кон Рударе, местото каде што се организира протестот.

Мирни протести се најавени на уште три локации, во Зупче и на граничните премини меѓу Косово и Србија, Јариње и Мердаре.

Забележително е и присуството на припадници на косовската полиција, која го обезбедува протестот. иа/гт/

Коронавирус