вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 85
home Регион

Протест на грчките уметници во Атина

Протест на грчките уметници во Атина

Под мотото „Носиме маски, но не молчиме“, пејачи, музичари, уметници, актери, писатели, кореографи од Грција, односно сите оние чија професија е поврзана со уметноста, во рамките на движењето „Support Art Workers“ одржаа мирен протест пред грчкиот Парламент, барајќи поддршка од државата, јави дописничката на МИА од Атина.

Со паноа, маски и пораките „Културата не се замолчува“, „Уметноста не сака жртвување, не е хоби, тоа е работа“; „Културата се спасува, кога се спасуваат луѓето“, уметниците, меѓу другото бараат да бидат вклучени во владината програма за поддршка на вработените кои во периодот на кризата со Ковид-19, поради затворените бизниси и компании принудно останаа дома.

Коронавирус