понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Просечната плата во Словенија 1.108 евра

Просечната плата во Словенија 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра и во реална смисла е за 0,8 проценти пониска од просечната нето плата во мај.

Просечната нето плата во јуни во јавниот сектор на оваа земја членка на Европската унија е 1.306 евра (во јавниот сектор 1,315,64 евра) и за 289,88 евра (22,19 проценти) поголема од платата на приватниот сектор што во јуни изнесуваше 1.016,92 евра.

Според податоците на Заводот за статистика на Словенија, во текот на првите шест месеци од 2019 година просечната нето-плата се зголемила за 3,6 проценти во однос на истиот период лани.

Платите во јавниот сектор се зголемија за 4,5 проценти и за 3,3 проценти во приватниот сектор.

Словенија има највисока просечна плата во однос на сите други земји во регионот.