понеделник, 18. март 2019. Вести денес: 122
home Регион

Пропадна испораката на авиони од Израел за Хрватска

Пропадна испораката на авиони од Израел за Хрватска

Израел официјално го информира хрватското Министерство за одбрана дека не може да добие дозвола од САД за испорака на авиони од типот „Ф-16 Барак“ од американско производство на Хрватска, изјави денеска хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстиќевиќ.

– Поради тоа, Министерството ќе и предложи на Владата да донесе соодветна одлука, истакна Крстиќевиќ, додавајќи дека не е потпишан никаков договор меѓу двете држави, како и дека Хрватска нема финансиска штета од пропаѓањето на зделката.

Тој истакна дека Хрватска направила „се како што треба“ и дека за „оваа неочекувана компликација“ нема никаква одговорност од хрватска страна.