понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 99
home Регион

Пронајдена мртва девојка на познато летувалиште во Хрватска- телото пловело во морето покрај хотел

Пронајдена мртва девојка на познато летувалиште во Хрватска- телото пловело во морето покрај хотел

Тело на една 28-годишна девојка било пронајдено од жителите на Дубровник во петокот како плови во морето крај хотелот „Палас“, За жал екипата на Итна помош можела само да констатира смрт.

Нејзиното безживотно тело надлежните го пренеле на одделението за патологија.

Полицијата добила дојава за телото на девојката во 10 часот во петокот. Како што пишуваат тамошните медиуми, девојката е од Дубровник, а на нејзиното тело нема знаци на насилна смрт, па оради тоа нема основа за покренување постапка потврдила портпаролката на полицијата.