вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Регион

Пронајден украдениот часовник на Јосип Броз Тито

Пронајден украдениот часовник на Јосип Броз Тито

Спрската министерка за култура и информирање, Маја Гојковиќ денеска откри дека се пронајдени украдени уметнички дела, како кама и златен часовник на Патек Филип, кои му припаѓале на поранешниот претседател на Југославија – Јосип Броз Тито.

Гојковиќ потсети и на успешната акција за пронаоѓање на многу скапоцена слика, неодамна откриена на официјална аукција во Цирих.

Во изјава за ТВ Прва, министерката за култура истакна дека крадењето артефакти е многу профитабилен бизнис на црниот пазар денес, а вредноста на украдените ремек-дела од Србија е околу половина милион евра.

– Им оддавам голема почит на инспекторите за посветеното постапување и истрага на овој случај. Овој историски вреден предмет е пронајден во Србија, што буди надеж дека кај нас ќе се најдат и други уметнички дела. Камата е пронајдена во станот на обвинетиот , односно е снимен со камера како го изнесува овој артефакт од музејот, нагласи министерот.

Коронавирус