среда, 30. септември 2020. Вести денес: 105
home Регион

Пронајден мртов грчкиот конзул во Венецуела

Пронајден мртов грчкиот конзул во Венецуела

Во хотелска соба во Каракас вчера бил пронајден мртов конзулот на Грција во Венецуела, објавија грчките медиуми.

Венецуелските медиуми пишуваат дека 55-годишниот Ангелос Харитос, веројатно починал од мозочен удар, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката новинска АНА-МПА објави дека Министерството за надворешни работи на Грција очекува од венецуелските власти да ги соопштат причините за смртта, но и дека засега не постојат знаци дека станува збор за кривично дело.

Коронавирус