петок, 23. јули 2021. Вести денес: 10
home Регион

Продолжува дијалогот Белград – Приштина

Продолжува дијалогот Белград – Приштина

Во Брисел денеска се одржува нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на високо политичко ниво.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, билатерално да се сретне во 9.30 часот со главниот медијатор на Европската унија во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Жосеп Борел.

По одделните билатерални средби меѓу Борел и Албин Курти и со Вучиќ, трилатерална средба треба да започне околу 10.30 часот, на која ќе присуствуваат претседателот на Србија, премиерот на Косово, министерот за надворешни работи на ЕУ и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

ЕУ, која е главен медијатор во дијалогот, посочи дека ова е продолжение на процесот започнат во 2011 година, а не почеток на нов дијалог.

Последната рунда разговори се одржа на 10 декември 2020 година.

Коронавирус