петок, 10. јули 2020. Вести денес: 164
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Пехчево

home Регион

Приведен премиерот на Федерација БиХ: Респиратори од Кина набавила фирма за одгледување овошје и зеленчук!

Приведен премиерот на Федерација БиХ: Респиратори од Кина набавила фирма за одгледување овошје и зеленчук!

Претседателот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, директорот на управата за Цивилна заштита Фахрудин Солак и сопственикот на фирмата „Сребрена малина“ Фикрет Хоџиќ синоќа се приведени на испитување  во седиштето на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во рамките на истрагата за аферата респиратори.

Тие и претходно дадоа изјава пред истражителите откако случајот го презеде Обвинителството на БиХ.

Во средата полицијата му го одзеде телефонот на Новалиќ за вештачење, при што треба да се утврди со кого тој контактирал за набавката на респираторите.

Спорните респиратори се набавени од Кина за 5,3 милиони евра, но се неупотребливи на одделенијата за интензивна нега, а истрагата треба да утврди како „Сребрена малина“ можела да увезе респиратори, кога е регистрирана како фирма за преработка и одгледување на овошје и зеленчук.

Фирмата бизнисот го добила со непосредна спогодба, а договорот го потпишал Солак. (МИА)

Парламентарни избори 2020