понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Регион

Притвор за возачот на нишкиот „автобус на смртта“: Тврди дека гледал дали има воз, но камерите го покажуваат спротивното

Притвор за возачот на нишкиот „автобус на смртта“: Тврди дека гледал дали има воз, но камерите го покажуваат спротивното

Возачот на автобусот на смртта на „Ниш Експрес“, М.З. (31) во кој после судирот со возот загинаа 7 лица, а повредени се 32 патника, сослушан е во Основното јавно обвинителство, после што му е одреден притвор од 30 дена.

Според неофицијалните сознанија, возачот се бранел дека постапил според правилата на сообраќајот, дека застанал кај железничкиот премин и гледал лево и десно како би се уверил дали иде воз. Наводно дури тогаш почнал да го поминува преминот, но ненадејно наишол возот.

Сепак, според неофицијални информации, изјавата на возачот ја демантира снимката од камерите на автобусот, на која се гледа дека во моментот на поминување на преминот, не погледал ниту лево, ниту десно, туку гледал само право.

Возачот се сомничи дека направил тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај од членот 297 став 4, за кое му се заканува казна затвор од 1 до 8 години.

Возачот и самиот бил тешко повреден во судирот, поради што едно време бил на интензивна нега на Клиниката за анестезија, но закрепнал и на 31 декември е пуштен од болница, па веднаш во придружба на полицијата е приведен на сослушување во Основното јавно обвинителство.