сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 75
home Регион

Преживувале пекол: Професорка со месеци тепала ученици за време на часовите, заработи кривична пријава

Преживувале пекол: Професорка со месеци тепала ученици за време на часовите, заработи кривична пријава

Општинското обвинителство во хрватскиот град Пула покрена обвинение за 47 годишна професорка која тепала деца во училиште. Таа се терети за кривично дело повреда на детските права.

Со обвинението се терети дека од 2017-та до 2018-та година во едно основно училиште во истарската жупанија тепала пет ученици.

Таа иако свесна дека со своето однесува го загрозува правилниот психички и емоционален развој на малолетните ученици и дека им нанесува физичка и емоционална болка, за време на одржувањето на наставата во повеќе наврати на различни начини ги удирала учениците.

Со тоа кај овие деца предизвикала страв и емоционална и физичка болка, стои во обвинението.