вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 117
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Регион

Претставници на Албанците од три српски општини побараа обединување со Косово

Претставници на Албанците од три српски општини побараа обединување со Косово
epa04485014 Ethnic Albanians from Preshevo wave their national flags as they line the street to welcome visiting Albanian Prime Minister Edi Rama (not pictured) in Preshevo, Serbia, 11 November 2014. Preshevo is a Serbian city with majority of ethnic Albanians. Edi Rama is on a two-day official visit in Serbia, the first by an Albanian Prime Minister in 67 years. EPA/ARMANDO BABANI

Претставници на етничките Албанци кои живеат во јужните српски општини Прешево, Бујановац и Медвеѓа денеска упатија повик за обединување со Косово.

Градоначалникот на општина Прешево Шќиприп Арифи тоа барање го изнесе на средба со косовскиот претседател Хашим Тачи, кој неодамна, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ, го отвори прашањето за менување на границите меѓу Србија и Косово.

– Одобрете ја нашата резолуција со која го поддржувате обединувањето на Прешево, Медвеѓа и Бујановац, порача Арифи до косовското Собрание.

Мнозинството пратеници и премиерот Рамуш Харадинај се против овој предлог, бидејќи тоа би подразбирало косовските општини со мнозинско етнички српско население да се спојат со Србија. (МИА)

Парламентарни избори 2020