Сериозно е и во Сисак, каде многумина панично излегоа на улиците.
Триста припадници на хрватската армија и премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ се упатија кон Петриња.
Драматични се првите сцени од хрватска Петриња, која денес ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,3 степени, јавуваат српските медиуми.
ХРТ известува дека луѓето се затрупани во нивните куќи. Местото, како што се наведува, е полно со урнатини.
Мост се срушил. Во Загреб одекнуваат и пожарни сирени, жителите на метрополата известуваат дека сè се тресе, доаѓаат извештаи за големи штети, а исто така снемало и струјата.