четврток, 13. август 2020. Вести денес: 119
home Регион

Преговори за Косово: Вучиќ ја обвини Приштина за ултиматуми во повеќе точки

Преговори за Косово: Вучиќ ја обвини Приштина за ултиматуми во повеќе точки

„Албанската страна излезе со барања, а тие се зачувување на територијалниот интегритет на Косово, зачувување на уставот и уставниот поредок на Косово, трајно заемно признавање, а не моделот на двете Германии, членство во ОН и другите европски земји да го признаат Косово. А дури потоа да се занимаваат со прашањата на исчезнатите лица и воената штета“, кажа срспкиот претседател Александар Вучиќ по рундата преговори во Париз.

Тој најави продолжување на дијалогот во Брисел и кажа дека е горд на делегацијата на Србија.

„Ние ги изнесувавме фактите во повеќе наврати, а некои делегации само го повторуваа тоа што го имаа напишано“, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател кажа дека српската страна ќе биде изложена на големи притисоци и истовремено се наоѓа пред „целосно нереалниот пристап на косовските Албанци кои би сакале сѐ, а Србија да остане без ништо“.

„Спремни сме да разговараме за сите чекори кои би ги поправиле односите на народите, протекот на луѓето, стоката, капиталот, но не прифаќаме ултиматуми. Тоа е невозможно и нереално“, кажа Вучиќ.

Наведе што сѐ Србија исполнила од Бриселскиот договор и наведе што не исполнила Приштина.

„Тие кажаа дека Заедницата на српски општини не е во согласност со нивниот устав. Ако тоа не сте во состојба да го исполните по 7 и пол години, како мислите нешто друго да исполните?“, кажа Вучиќ.

Додаде дека се трудел на храбар, рационален и прагматичен начин да одговори на барањата и „списокот на убави желби“ на албанската страна, и дека верува дека германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон тоа го разбрале.

„Ќе мора да разговараме, но не е лесно да се разговара со некој кој живее надвор од реалноста. Кога велат дека целта им е да се укине Резолуцијата 1244, ние прашуваме што е тука српскиот интерес, тие велат „па не знаеме“… Во секој случај, времето пред нас не е лесно, но ќе се бориме и ќе ја чуваме земјата“, кажа Вучиќ.

Денес беше одржан видео самитот за Косово, чии домаќини се Макрон и Меркел. На самитот учествуваа и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жосеп Борел и косовскиот премиер Авдулах Хоти.

Коронавирус