среда, 8. февруари 2023. Вести денес: 86
Во живо

„Промените на дело“: Мицкоски во општина Петровец

АКТУЕЛНО

Огромен број човечки жртви во земјотресот, Турција поместена за три метри

home Регион

Предупредување од Атина до Анкара

Предупредување од Атина до Анкара

Началникот на Генералштабот на грчката Армија, Евангелос Апостолакис ја предупреди Турција дека Грција е решена да одговори во случај на „ескалација на турските провокации“.

Апсотолакис, на средба со грчките новинари, ја истакнал оперативната способност и подготвеност на Армијата на Грција во случај да бидат загрозени суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Според „Катимерини“, како што јави дописничката на МИА од Атина, во случај на инцидент и турска провокација во Егејското Море, ставот на Апостолакис бил јасен,

– Ако стапнат на карпест ненаселен остров, ќе го срамниме со земја. Ова е црвена линија, која што е прифатена и од Владата, изјавил, според „Катимерини“, началникот, додавајќи дека она што е најважно за Грција е да се обезбеди мир во регионот.

Во однос на стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција одржан минатата седмица, Апостолакис истакнал дека Вашингтон бара начин да се обезбеди рамнотежа во регионот, а „Грција игра позитивна улога и е мост во однос на оваа перспектива“