недела, 5. декември 2021. Вести денес: 113
home Регион

Предупредувачки штрајк на вработените во образованието во Србија

Предупредувачки штрајк на вработените во образованието во Србија

Вработените членови на Синдикатот за образование на Србија денеска ќе одржат предупредувачки штрајк – нема да се одржи првиот час во прва смена и првиот час во втора смена, соопштија вчера од синдикатот.

Во соопштението се наведува дека барањето на штрајкувачите е српската влада да почне да го применува Законот за плати на вработените во јавниот сектор (платни групи и оценки) од 1 јануари 2022 година и доколку не почне примената на тој закон за сите вработени во образованието, да биде зголемена платата за 15 отсто. Образовниот синдикат на Србија бара и изедначување на цената на трудот за сите дејности во образованието, формирање паралелки со помал број ученици во основните и средните училишта, како и стручни соработници и ненаставен кадар финансиран сразмерно на број на часови.

„Вработените во образованието речиси две години работат во тешки пандемични услови и го одржуваат образовниот процес во вонредни околности. Не е познат бројот на болни вработени и ученици, а Владата и Министерството за образование, наука и технолошки развој се глуви на апелите на синдикатот дека просветните работници се материјално и професионално понижени“, се вели во соопштението.

Коронавирус