понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 125
home Регион

Познат идентитетот на две од загинатите лица во несреќата кај Ниш: Плач и лелеци на семејствата одекнуваат во болничките ходници

Познат идентитетот на две од загинатите лица во несреќата кај Ниш: Плач и лелеци на семејствата одекнуваат во болничките ходници

Две лица од повредените во страшната железничка несреќа кај Ниш, починаа во болница за време на операција, јавува српски „Блиц“.

Бројот на жртвите порасна на пет лица во несреќата во која патнички воз удри во автобус и го преполови.

„Блиц“ јавува дека за време на операцијата починале две женски лица, М.К. (15) и Н.Ј. (42). Дел од останатите повредени се во многу тешка состојба и не се знае дали ќе преживеат.

Репортерот на порталот, јавува дека во Клиничкиот центар во Ниш одекнуваат низ ходниците лелеци и плач од семејствата кои дознале дека нивните блиски се починати.

Една жена од шок колабирала пред болницата, а на расплакан маж му била пружена лекарска помош во ординација.

-За туѓа грешка, детето да ми загина на 15 години. Зарем тоа го заслужила? Не ми треба ништо веќе, викал таткото на починато девојче.

Во несреќата тешко повреден е и возачот на автобусот и треба да биде опериран.