недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 32
home Регион

Пожар во бегалски камп на Самос, властите ги евакуираат мигрантите

Пожар во бегалски камп на Самос, властите ги евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир меѓу мигранти сместени во кампот.

Полицијата соопшти дека во пожарот во кампот Вати нема повредени. Објектот е предвиден за неколку стотици луѓе, а во него живеат повеќе од 4.000 мигранти.

Причината за пожарот кој избувнал по судири меѓу мигранти од Авганистан и Сирија се уште не е непозната. Во судирите се повредени најмалку три лица.

Минатиот месец на Лезбос беше убиен еден барател на азил.