понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Регион

Пожар на Хвар: Го гаснат 40-на пожарникари и два Канадера

Пожар на Хвар: Го гаснат 40-на пожарникари и два Канадера

Четириесетина пожарникари и два „Канадера“ го гаснат пожарот што избувна денеска на Хвар.

„Овој пожар беше предизвикан од удар на гром, но со интервенција на пожарникарите и со помош на Канадери успеавме да спречиме да се шири и верувам дека ќе го ставиме под контрола во наредните неколку часа“, рече командантот на пожарникарите за хрватски медиуми.

Тој додаде дека пожарот погодил недостапен терен, што го отежнува гаснењето.

Хрватското Министерство за одбрана објави дека од 17 јуни, до 23 август, воздушните противпожарни сили биле ангажирани во гаснење 31 пожар, додека копнените сили на хрватската армија биле ангажирани два дена во противпожарната станица Јужна Дубрава кај Шибеник со вкупно 182 припадника.