сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 91
home Регион

Пожар на ферибот со повеќе од 1.000 луѓе во Грција

Пожар на ферибот со повеќе од 1.000 луѓе во Грција

Грчки ферибот со 875 патници и 141 член на екипажот утрово се врати во пристаништето Пиреја, откако избувнал пожар на палубата за автомобили, соопшти Грчката крајбрежна стража.

Патничкиот брод „Елефтериос Венизелос“, кој пловел кон островот Крит, се вратил во Пиреја, од каде што отпловил.

Капетанот на бродот и кажал на крајбрежната стража дека пожарот избувнал во камион и оти противопожарниот систем на фериботот веднаш се активирал.

Пожарот бил совладан, но поради големото количество чад патниците биле замолени да се преместат на надворешните палуби на бродот, јавија грчките медиуми.

Засега нема информации за повредени луѓе.

(Миа)

Коронавирус