четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 53
home Регион

Повредено едно лице: Локализиран пожарот во фабриката кај Ужице

Повредено едно лице: Локализиран пожарот во фабриката кај Ужице

Пожарот кој околу 10 часот избил во фабриката за бои и лакови „БИС“ во близина на Ужице е локализиран, а повредено е едно лице.

Повредениот, кој се здобил со изгореници по телото, веднаш бил пренесен в болница во Белград и не се наоѓа во животна опасност.

На местото на инцидентот интервенирале 16 пожарникари со шест возила.

Медиумите пренесуваат дека на пожарот му претходеле две силни експлозии.