сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 13
home Регион

ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА: Автобус влета на игралиште, возачот уапсен- еве ги деталите

ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА: Автобус влета на игралиште, возачот уапсен- еве ги деталите

Најмалку 8 лица се повредени, од кои 5 се деца а три се возрасни, во Земун, кога автобус на јавниот градски сообраќај влетал во детско игралиште, потврдија за медиумите извори од полицијата и итната медицинска служба.

Возачот на автобусот од градскиот транспорт ја загубил контролата и ја пробил оградата од детското игралиште.

Три од повредените деца се пренесени во Детската клиника при Клиничкиот центар, едно во општата болница во Земун, а едно дополнително било доведено во болница, дознава Радио-телевизија Србија.

Српските медиуми известуваат дека се повредени повеќе лица, но дека ниедно не е животно загрозено.

Агенцијата Танјуг добила потврда од министерството за внатрешни работи дека возачот на автобусот е уапсен, откако веднаш по несреќата беше јавено дека е во бегство.

Градската управа на Белград соопшти дека приватаната фирма на која ѝ е доверен јавниот градски транспорт на патници на линијата 45 мора „итно да се изјасни за несреќата“. Ресорните градски власти потврдија дека станува збор за автобус на приватните превозници кои го сочинуват конзорцумите „Арива“ и „Унакоп“.

Покрај државното претпријатите „ГСП Београд“, кој покрај автобуси користи и трамваи и тролејбуси, јавниот транспорт во српската престолнина го извршуваат и пет приватни конзорциуми, а доделени им се 22 градски и приградски линии.

Локални избори 2021