петок, 17. септември 2021. Вести денес: 0
home Регион

Повреден еден полицаец при екслозија на бомба во центарот на Атина

Повреден еден полицаец при екслозија на бомба во центарот на Атина

Еден полицаец е полесно повреден утринава при експлозија на рачно изработена бомба пред црква во луксузниот кварт Колонаки во центарот на Атина, соопштија полициски извори.

Експлозијата се случила додека полицацецот набљудувал еден „сомнителен“ пакет оставен пред црквата „Свети Дионисиј“, на една од главните улици во квартот Колонаки.

Полицискиот службеник веднаш бил пренесен в болница со лесни повреди, а квартот е блокиран од полициски сили за борба против тероризам.

Досега никој не преземал одговорност за нападот, а полицијата смета дека тоа може да биде дело на ултралевичарски или анархистички движења.

Коронавирус