среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 113
home Регион

Повеќе од 46.000 студенти во Словенија добиваат по 150 евра помош од државата

Повеќе од 46.000 студенти во Словенија добиваат по 150 евра помош од државата

Министерството за образование на Словенија објави дека досега над 46.000 редовни студенти аплицирале за добивање директна државна финансиска помош, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Собранието изгласа Закон за помош на повеќе категории граѓани, меѓу кои и на студентите, кои од државата ќе добиваат по 150 евра за да можат полено да ја поминат епидемијата на коронавирусот.

Министерката за образование Симона Кустец најави дека во идина ваква помош би добивале и вонредните студенти кои имаат пријавено престој во Словенија.

Инаку, на новинарско прашање дали и кога ќе продолжи школската година, Кустец кажа дека по Првомајските празници се ќе биде се многу појасно и тогаш ќе се донесе одлуката кога учениците повторно ќе седнат во школските клупи.

Локални избори 2021