понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 11
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Регион

Потврден првиот случај на коронавирус во Грција

Потврден првиот случај на коронавирус во Грција

Позитивни се резултатите на коронавирус од примерокот на 38-годишна жена во Солун, со што е и првиот потврден случај на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Жената неодамна патувала во Италија, а е во добра здравствена состојба, како што соопшти портпаролот на грчкото Министерство за здравство и научен соработник во грчката Национална организација за јавно здравје, професорот Сотирис Циодрас.

-Потврден е првиот случај на вирусот во Грција. Станува збор за Гркинка, на 38-годишна возраст, која патувала во регион во северна Италија. Во добра здравствена состојба е, ја следи тим од одлични колеги во Солун. Во овој момент, се проверуваат нејзините контакти и нејзините блиски контакти, доброволно ќе бидат ставени во изолација и ќе се следи нивната здравствена состојба, рече Циодрас.

Парламентарни избори 2020