сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Регион

Потресно сведоштво на преживеан од автобуската несреќа во Хрватска: Никогаш нема да го заборавам ова, наеднаш луѓето започнаа да паѓаат едни врз други

Потресно сведоштво на преживеан од автобуската несреќа во Хрватска: Никогаш нема да го заборавам ова, наеднаш луѓето започнаа да паѓаат едни врз други

Трагичната автобуска несреќа која вчера се случи во Хрватска продолжува да биде главна тема во медиумите во регионот, а хрватските медиуми пренесуваат и сведоштво на еден од повредените.

Еден од повредените патници Рам Гаши за медиумите откри низ каков пекол поминале со неговата сопруга. Тој откри дека сакал да патува со авион, но нејзината сопруга инсистирала со автобус.

-Патувањето беше добро, немавме спиено до 05:00 часот сабајле, бидејќи имаше млади кои пее цела вечер. Но кога сум заспал слушнав звуци. Секунди беа во прашање. Само видов како паѓам, работите паѓаа, видов дека една жена е мртва. Се беше уништено околу нас, луѓето паѓа еден врз друг. Сакав да одиме со авион, затоа што патувањето од Штутгарт до Приштина трае еден час и половина повеќе, но таа инсистираше да одиме со автобус. Некогаш нема да го заборавам ова, рекол Гаши за медиумите.

Во трагичната несреќа животот го загубија 10 лица, 15 се тешко повредени, а уште на 44 лица им била пружена медицинска помош.

Коронавирус