понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 148
home Регион

Потресна исповед на Ѓуриќ за неговото апсење на Косово

Потресна исповед на Ѓуриќ за неговото апсење на Косово

Шефот на Канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ, кој завчера беше уапсен и брутално претепан во Косовска Митровица, утринава откри  дека се уште не ги погледал снимките од неговото апсење.

Гостувајќи во утринската програма на ТВ Пинк, Ѓуриќ рекол дека не може ни да ги гледа, додека не се слегне целата работа.

Тој опишал како изгледал дивјачкиот упад во Митровачкиот двор, дека тоа било варварско дивеење за кое немало никаква причина, дека луѓето таму се собрале да разговараат за иднината на Косово, дека терористите ги ударале со кундаци како животни, дека ги клоцале и газеле. Тој нагласил дека единствена цел на сето тоа било да се заплаши српскиот народ и да се натераат луѓето да го напуштат Косово.

-Се сеќавам дека ме врзаа, ме влечеа на колена до оклопниот транспортер, каде изживувањето се зголеми, ме дрежеа за коса и главата ми ја удараа од вратата на транспортерот и само ја креваа да прават селфи, а потоа, кога излегоа од Митровица, пресреќи што е така, почнаа да пеат Алаху екбер, ми туркаа калашњиков во стомак, цевката ја држеа на моето стапало. Во тој момент се помирив со се. Кога завршија со пеење, еден од нив извади нож и со потег преку вратот ми покажа што ми следува. Во тие моменти мислев на нашите луѓе во Митровица и на моите деца. Имам две ќерки од 2 и 1,8 години. Тоа ми даде сила да издржам – рекол Ѓуриќ.

Во транспортерот не пружал отпор.

-Кога стигнавме, а по должината на возењето сфатив дека сме во Приштина, не можев да одам, бидејќи ме повредија додека ме возеа со транспортерот, па само ме фрлија на земја од транспортерот, а таму стоеше разулавена маса која беше подготвена за линч, снимајќи со телефените. Ме влечеа за крватата, а еден од нив ни пикна два прста во устата и така ме влечеше за лицето- додал Ѓуриќ додаваји дека бил задоволен што не се засрамил, што не пуштил солза.

Ѓуриќ раскажал и што се случувало на преминот Мердаре.

-Беше како во филмовите, ме влече за крватата и ме тераа да одам кон српската страна. Инаку се се промени по еден телефонски повик, бидејќи изгледа им беше предочено што може да се случи ако продолжат така- рекол Ѓуриќ.

Ѓуриќ на телевизија ја покажал преписката со која во понеделникот бил најавено неговото доаѓање на Косово.

Коронавирус