Во последните денови силен земјотрес ја погоди Албанија каде до сега има 46 жртви и околу 700 повредени, но земјотрес имаше и во Грција.
Во 16 часот и 40 минути земјотрес со јачина од 3.0 беше регистриран во Грција на длабочина од 10 километри, а епицентар беше на 15 километри од Камари.
Потоа во 17 часот и 32 минути, уште еден послаб земјотрес ја здрма јужна Грција со јачина од 2.9 степени по рихтер.
По неколку часа пак беше регистриран земјотрес и во Албанија со јачина од 3.0 степени по Рихтер.
Епицентарот беше на 32 километри од Тирана со длабочина од 1 километар.
Попладнево претходно беа регистрирани 4 земјотреси во Албанија.