Премиерката на Романија, Виорика Данчила соопшти дека лидерите на Србија, Грција, Бугарија и Романија, учесници на квадрилатералната средба, ја потпишале Букурешката декларација.
Со оваа декларација лидерите потврдуваат дека ќе ја засилат меѓусебната соработка како и дека ќе дадат свој допринос во стабилноста на регионот, но и оти силно го подржуваат европскиот пат на Србија кон ЕУ.
Букурешката декларација ја потпишаа премиерката на Романија Данчила, премиерот на Грција Алексис Ципрас, неговиот бугарски колега Бојко Борисов и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Facebook0TwitterEmail