четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 15
home Регион

Потона едрилица во Хрватска, се бара сопственикот

Потона едрилица во Хрватска, се бара сопственикот

Кај островот Жирје потона црвена едрилица, а засега не се познати деталите како дошло до тоа и кој е нејзин сопственик.

Едрилицата први ја забележале рибарите пред два дена, кои го пријавиле случајот во шибенско-книнската полициска управа.

– Не се знае кој е сопственик на едрилицата, никој не пријавил кражба, нуту сопственост. Поморската полиција ги утврдува околностите на потпопувањето – соопшти портпаролот на полициската управа, Марица Косор.

Таа додаде дека едрилицата била забележана на длабочина од 150 метри и засега не се знае под чие знаме била управувана.

Како што се наведува, не е воочено загадување на морето.

Коронавирус