петок, 30. јули 2021. Вести денес: 97
home Регион

Потона брод во Турција со околу 60 мигранти

Потона брод во Турција со околу 60 мигранти

Брод кој потона во езерото Ван во источниот дел на Турција превезувал меѓу 55 и 60 мигранти, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, додавајќи дека досега се извлечени шест тела и во тек е истрага.

Во пребарувањето на теренот се вклучени хеликоптери и чамци. Причина за потонувањето на бродот било силното невреме.

Медиумите објавија дека мигрантите најверојатно се по потекло од Пакистан, Авганистан и Иран.

Езерото Ван, во истоимената турска провинција, се наоѓа во близина на границата со Иран и преку него мигрантите обично преминуваат во Турција. (МИА)

Коронавирус