19- годишна девојка од Ниш, Ивана М, паднала од покрив додека сакала да направи видео за на интернет.
Ноќта помеѓу сабота и недела, со уште двајца пријатели била на покривот од стамбената зграда.
Последната фотографија на нејзиниот Фејсбук профил е од покрив, но засега не е сигурно дека се работи за местото од кое паднала.
-Полицијата ни рече дека таа снимала некакво видео на кровот, се движела наназад и во еден момент дошла до работ и паднала долу на бетонот- пренесуваат српските медиуми.
Веднаш е повикана брза помош, но за жал можеле само да констатираат смрт.