понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 129
home Регион

Поплави во Грција: Загина пожарникар при спасување на ученици

Поплави во Грција: Загина пожарникар при спасување на ученици

Во невремето со обилен дожд што од синоќа го зафати регионот Еврос и предизвика поплави во градот Александрополи во североисточниот дел на Грција, денеска биле спасени деца од градинка, како и ученици од основно училиште, а загина еден пожарникар, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми објавија дека пожарникарот загинал додека се упатувал кон училиштето за да им помогне на учениците, со возилото заглавил во надојдена вода, што го повлекла кога излегол од возилото.

Смртта на 46-годишниот пожарникар ја потврдија и од Противпожарната служба на Грција и соопштуваат дека бил повлечен од надојдената вода од канал, во моменти додека бил на служба.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА во село во општина Александрополи, со помош на Противпожарната служба на Грција биле пренесени на безбедна локација 21 дете и двајца вработени во детска градинка, како и 100 ученици и нивните наставници од основно училиште.

ЕУРО 2020

Македонија