вторник, 9. март 2021. Вести денес: 19
home Регион

Поп завршил со лопата во глава!

Поп завршил со лопата во глава!

Несекојдневен инцидент се случил во албанскиот град Лежа, каде градежен работник физички го нападнал локалниот православен свештеник Кочо Капедани (80).

Освен на социјалните мрежи видео запис и фотографии од инцидентот пренесуваат и албанските медуми, кои додават дека по вербална расправија изнервиран работник со лопата го удира стариот свештеник по грбот и главата.

-Бев дома. Багерот дојде и јас се спуштив долу од куќата. Му реков на работникот да не удираат силно бидејќи се оштетени sидовите од мојата куќа. Работникот лопатата ја имаше во раката, а јас го имав стапот со кој слегував по скалите. Ме фати за рака и ме удри. Паднав во несвест. Потоа дојде полицијата и потоа не придружуваше до полициската станица. Полицијата не зазеде правилен став. Револтиран сум. Ми рекоа: прости му, изјавил Капедани за медиумите.

Додава дека има сериозни видливи повреди на десното око од ударот на работникот на компанија што гради пат во населбата „Гура“.

Претставник на Православната црква во Лежа, најавил дека, попот Капедани покрај тоа што го тужи насилникот, ќе поднесе обвинение и против полицијата од овој албански град, бидејќи наместо да го санкционира насилникот, полицајците се обиделе да го натераат да му прости.

Коронавирус