четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 130
home Регион

Помпео го поздрави договорот за изборните реформи во Албанија

Помпео го поздрави договорот за изборните реформи во Албанија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздрави постигнатиот договор меѓу политичките партии во Албанија околу изборната реформа.

Според шефот на американската дипломатија, овој договор ќе ја зајакне демократијата во Албанија и европската иднина на земјата.

-Го поздравувам меѓупартискиот договор во врска со изборните реформи во Албанија, кој ќе ја консолидира нејзината демократија и дополнително ќе ја зајакне европската иднина на Албанија. Ги охрабруваме сите засегнати страни да го официјализираат овој политички договор, изјавил Помпео,пренесува државната агенција АТА.

По многу средби, Политичкиот совет, што го сочинуваат претставници на партиите од власта и опозицијата,под притисок на странските дипломати постигна договор околу изборните реформи, што е еден од 15 услови за почеток на преговорите со Европската унија.

Изборните реформи треба да ги изгласа Парламентот,каде, како што призна и премиерот Еди Рама,на власта и недотигаат четири гласа,откако парламентарната опозиција, јавно кажа дека нема да ги гласа доколку не се воведат отворени листи.

Коронавирус