среда, 19. септември 2018. Вести денес: 170
home Регион

Полила мајка и ќерка со солна киселина: Старица мислела да и продале бајата риба, па брутално ги нападнала

Полила мајка и ќерка со солна киселина: Старица мислела да и продале бајата риба, па брутално ги нападнала

Во рибарница во Пула, Хрватска, околу 10:30 утрово се случил страшен инцидент, кога непозната старица полила со киселина мајка и нејзината ќерка, јавува „Глас Истре“.

Старата жена ја задржале минувачите. Се било одиграно пред очите на купувачите и минувачите. Непозната жена наводно со солна киселина ја полила продавачката и нејзината ќерка.

Во рибарницата пристигнала брза помош. Од истарската полицијата за хрватски „Индекс“ опишале што се случило.

-Тоа се случило околу 10:30 часот. Дошла жена на штанд со риба и пролила непозната течност, се претпоставува киселина врз две лица. Делумно испрскала две работнички од 10 и 44 години и едно лице на 22 години, која не била работничка, но стоела покрај штандот. Течноста ја фрлила 80 годишна жена и таа е повредена. Никој не е потешко повреден. Ќе истражиме за што точно се работи, а 80 годишничката веројатно ќе биде обвинета за обид за нанесување тешки телесни повреди, раскажале од истарската полиција за „Индекс“.

„Глас Истре“ неофицијално дознава дека поводот за овој страшен напад е банален. Жената која го извршила нападот била незадоволна затоа што наводно продавачката и продала стара риба.