четврток, 25. април 2019. Вести денес: 157
home Регион

Полицијата дошла до пораките кои јавните личности му ги испраќале на најпознатиот макро на српската естрада

Полицијата дошла до пораките кои јавните личности му ги испраќале на најпознатиот макро на српската естрада

Михајло Максимовиќ, најпознатиот макро во регионот кој се товари за организација на ланец проституција, на сослушување се бранел со молчење, а наскоро поради истрагата треба да бидат сослушани и девојките кои ги нудел на клиенти.

Меѓу нив се и познати личности од српската естрада – пејачки, старлети и водителки, чии провокативни фотографии го краселе каталогот на Максимовиќ со ценовник за нивните сексуални услуги.

За време на апсењето на белградскиот аеродром, полицијата го запленила неговиот лаптоп и списокот со имиња на дамите кои ги нудел на клиентите, додека идентитетот на клиентите на сите начини се трудел да го сокрие. Меѓутоа, пронајдени се пораки меѓу него и музичари, спортисти и политичари.

Полицијата дошла до пораки кои јавните личности му ги испраќале на Максимовиќ, дознава „Србија денес“. Меѓу клиентите, кои плаќале услуги на проституку бил и син на српски тајкун, поранешен фудбалер и син на познат бизнисмен, како и фудбалер кој во моментов игра за италијански клуб.

Имено, тие организирале девојки за сексуални услуги, особено кога организирале некои прослави.

Како шпто пишуваат српските медиуми, клиентите издвојувале по 300-400 евра за да поминат час со проституките. Муштериите главно биле мажи со длабок џеб, на кои дискрецијата им била загарантирана. Иаако Максимовиќ ги убедил дека нивниот идентитет ќе биде заштите, тие стравуваат поради неговото апсење.