По летните температури некарактеристични за овој дел од годината, делови на Хрватска ги зафати поларна бура проследена со грмотевици.
Невремето вчера прво го зафати Горски Котар, па крајниот северозапад на земјата, а во текот на вечерта зафатило и делови на Славонија, Меѓимурје, но и средна Хрватска.
Во околината на Виена во Австрија пак, е забележано торнадо. Го снимил Австрец и го испратил на страницата Aktuelle Wetterwarnungen für Österreich (AWÖ), на која се објавуваат актуелни временски прилики.