среда, 2. декември 2020. Вести денес: 69
home Регион

Покренати обвиненија за помагање во убиството на Оливер Ивановиќ

Покренати обвиненија за помагање во убиството на Оливер Ивановиќ

Специјалниот обвинител на Косово Сула Хоџа покрена обвиненија против косовските Срби, Недељко Спасоевиќ и Марко Рошиќ, за помагање во убиството на косовскиот политичар Оливер Ивановиќ, на почетокот на 2018 година, јави Танјуг, повикувајќи се на порталот Косово Онлајн, кој цитира извори блиски до истрагата.

Обвиненијата против Спасоевиќ и Росиќ се дадени на превод и официјално ќе бидат обелоденети во следните неколку дена.

Во образложението на обвиннеието се навдува дека двајцата се обвинети за помагање во убиството на Оливер Ивановиќ по налог на Милан Радоичиќ, тврдат изворите на порталот, и додаваат дека против Радоичиќ не е покренато никакво обвинение.

Двајцата беа уапсени пред една година во акција на косовската специјална полиција РОСУ, на северот од Косово, потсетува Танјуг.

Косовскиот портал наведува дека „истрагата за убиството на Ивановиќ повеќе од 22 месеци тапка во место“.

Покрај Спасоевиќ и Росиќ уапсен беше и Драгиша Марковиќ, а во меѓувреме имало и обид за апсење на Радоичиќ.

Косово онлајн наведува дека Марковиќ подоцна бил пуштен од притвор, додека двајцата уапсени се уште се наоѓаат во притвор во Гњилане, односно Подуево.

Лидерот на Граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, беше убиен на 16 јанаури 2018 година во атентат пред седиштето на неговата партија во Косовска Митровица, кога врз него пукаа непознати лица од возило во движење.

Коронавирус