сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 35
Во живо

Протест во Скопје – „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Регион

Покрената истрага за заканите врз косовскиот премиер Албин Курти

Покрената истрага за заканите врз косовскиот премиер Албин Курти

Косовската полиција покрена истрага во врска со заканите што преку интернет беа упатени на вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти од страна на досега непозната група, наречена „Албанска доброволна гарда“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ивори од полицијата изјавија за медиумите дека со случајот се занимава Управата за истрага на тешки злосторства, во соработка со Специјалното обвинителство на Косово.

– Ве известуваме дека Полицијата на Косово, во случајов Управата за истрага на тешки злосторства го третира случајот и е во фаза на прибирање информации, објави полицијата.

Премиерот во оставка Курти синоќа преку својата страница на Фејсбук објави дека добил закани од извесна „Албанска доброволна гарда“, која првпат се појавува во јавноста.

Според Курти, заканите всушност се упатени кон Уставниот суд, кој треба да донесе одлука, на барање на неговата партија, Движење самоопределување (ВВ) за уставноста на одлуката на претседателот на државата Хашим Тачи да го додели мандатот за формирање нова влада на второрангираната партија на последните парламентарни, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).

– Тие се исплашени и сакаат да го исплашат Уставниот суд и не само него. Тие сакаат да ги исплашат и амбасадорите на Групата Квинт со дестабилизација, доколку капото на ПРОНТО (група политичари и поранешни функсионери обвинети за злоупотреби на службената должност), претседателот на Републиката, го изгуби случајот, напиша Курти.

Во соопштението кое го објави Курти, „Гардата“ тврди дека има сознанија оти „одредени групи на ВВ организираат протест во Приштина кој треба да се одржи на 29 мај“, што е последниот рок кој го утврди Уставниот суд за донесување толкување за уставноста на одлуката на Тачи.

– Ги информираме водачите на злосторничката организација ВВ дека ние, припадниците на Гардата, нема да седиме со скрстени раце и да ве гледаме оддалеку. Нашите единици ќе излезат секаде каде што има потреба и ќе ја одбраниме земјата. Албин Курти и сите водачи на ВВ кои помагаат во организирањето на тој протест сега имаат причина да бидат загрижени за својата и за безбедноста на нивните семејства. Нашите акции ќе се простираат на територијата на цело Косово и ќе се дејствува во случај на потреба, се вели во соопштението на „Гардата“.

Коронавирус