сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Погребана малата Милица: Родителите на погреб дојдоа заедно иако таткото е нејзиниот убиец

Погребана малата Милица: Родителите на погреб дојдоа заедно иако таткото е нејзиниот убиец

Случајот кој повеќе од година дена ја вознемирува српската јавност, пред неколку дена доби трагичен епилог. Деветнаесетмесечнaта Милица, која нејзиниот татко ја тресна од земја кога беше стара само 15 дена, пред неколку дена почина поради компликации предизвикани од повредите со кои се здоби при падот.

Нејзиниот 24-годишен татко Миломир Станковиќ, во февруари минатата година го истури бесот врз неа по расправија со мајката на неговата сопруга. Таа му префрлила на својот зет дека психички и физички ја малтретира неговата сопруга, по што тој прво ја нападнал неа, па новороденчето.

Милица е погребана денес. На погребот, рака под рака, заедно се појавија нејзините мајка и татко. Мајката на Милица, му прости на таткото кој и пресуди. На погребот бил и дедото, кој не разговара со својата ќерка откако таа се смири со Миломир.

Миломир в полиција се правдал дека бебето само му паднало од раце. Против него е покрената постапка за семејно насилство и му се закануваат 15 години во затвор.

Коронавирус