вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Почна истрага за евентуална злоупотреба на средства за бегалци во Грција

Почна истрага за евентуална злоупотреба на средства за бегалци во Грција

Европската служба за борба против измами (ОЛАФ) почна истрага во Грција за евентуална злоупотреба на средства на Европската унија наменети за бегалци.

Грчките медиуми јавуваат дека истрагата за наводните нерегуларности се однесува на доставување на храна за бегалците во Грција и почнала по информација која на ОЛАФ во 2017 година и ја открил претставник на Генералната дирекција „Миграција и внатрешни работи“ на Европската комисија. Претставници на европската служба објаснија дека наводната злоупотреба во моментот се истражува што не значи дека има вмешани лица кои направиле измами.

Минатата година невладината организација „Солидарност сега“ побара од Европскиот парламент да спроведе истрага за можна злоупотреба со средства наменети за помагање на бегалците во Грција. Организацијата постојано ги истакнува лошите услови за живот на бегалците во Грција и фактот дека земјата добила значителни средства од Брисел за подобрување на состојбата на бегалците.

МИА

Коронавирус