Судијката на Жупанискиот суд во Загреб Ивана Чалиќ почина во 48-та година од животот, по долго и тешко боледување, објави Дневник.хр.
Во јавноста стана позната по тоа што поранешниот хрватски премиер Иво Санадер го осуди за Фими Медиа.
Во март 2014-та година, судијката Чалиќ ХДЗ и Санадер ги прогласи за виновни за извлекување пари од државните инситуции и компании преку маркетиншката агенција Фими Медиа, по која беше наречена најголемата корупциска афера во хрватската политика. Санадер е осуден на деветгодишна затворска казна.
Водеше и постапка за убиството на Иво Пуканиќ и Нико Фрањиќ, а пред тоа беше членка на Советот со кој претседаваше Иван Турудиќ, а кој Санадер неправосилно го осуди во предметите Хипо и Ина-МОЛ.
На убијците на Пуканиќ и Франиќ им изрече повеќегодишни затворски казни, а судот потоа ги зголеми.