понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 181
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Регион

Почина „косовски Нелсон Мандела“

Почина „косовски Нелсон Мандела“

Познатиот косовски активист и долгогодишен политички затвореник во времето на поранешна Југославија, Адем Демачи, почина попладнево во Приштина на 82-годишна возраст, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за смртта на Демачи, кого многумина го нарекуваа „косовски Нелсон Мандела“ поради 28-те години минати во југословенските затвори заради политички активности и убедувања, на попладневната седница на косовското Собрание ја објави собранискиот потпретседател Џавит Халити.

– Почина нашиот учител, човекот кој помина 28 години од својот живот низ српските зандани. Тој не напушти, но неговото дело ќе остане да се памети за век и веков, рече Халити, кој ги повика пратениците да му одадат почит на Демачи со едноминутен молк.

Откако беше пуштен од затвор во 1990 година, Демачи беше активен во неколку политички партии, а беше и политички претставник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за време на војната во 1998-99 година.  (МИА)

Парламентарни избори 2020